Bluetooth безжична технологија
Bluetooth технологијата ви дозволува да го поврзете вашиот телефон користејќи
радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред во опсег од 10 метри (32 стапки).
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: генерички пристап, хендсфри, слушалки, туркање објекти,
пренос на датотеки, мрежно бирање, сериски порт, пристап до SIM, генеричка
размена на објекти, напредна аудио дистрибуција, аудио видео далечински
управувач и генеричка аудио видео дистрибуција . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.
Поставување Bluetooth врска
Изберете Мени > Прилагодувања > Конектив. > Bluetooth и преземете ги
следниве чекори:
1. Изберете Име на мојот телеф. и внесете име за вашиот телефон.
2. За да активирате Bluetooth поврзаност изберете Bluetooth > Вклучи.
покажува дека Bluetooth е активиран.
3. За да го поврзете вашиот телефон со аудио додаток, изберете Барај аудио
додат. и уредот што сакате да го поврзете.
4. За да го спарите вашиот телефон со било кој Bluetooth уред во опсегот, изберете
Спарени уреди > Додај нов уред.
Дојдете до најдениот уред и изберете Додај.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот телефон и дозволете ја врската на
другиот Bluetooth уред.
Ако сте загрижени за безбедноста, исклучете ја Bluetooth функцијата или поставете
Видл. на мојот тел. на Скриени. Прифаќајте Bluetooth комуникација само од оние
на кои им верувате.
PC врска со интернет
Користете Bluetooth за да го поврзете вашиот компатибилен компјутер на интернет
без софтверот PC Suite. Вашиот телефон мора да има активирано добавувач на
Поставки
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
22
услуги што подржува интернет пристап, а вашиот компјутер мора да подржува
Bluetooth мрежа на персонална област (PAN). По поврзување на телефонската
услуга мрежна пристапна точка (NAP) и спарувањето со вашиот компјутер, вашиот
телефон автоматски отвора интернет врска на пакетни податоци.