Конфигурација
Можете да го конфигурирате вашиот телефон со поставки кои се потребни за некои
услуги. Вашиот добавувач на услуги може и да ви ги прати овие поставки.
Изберете Мени > Прилагодувања > Конфигурација и од следниве опции:
● Стан. прил. за конф. — за да ги видите добавувачите на услуги снимени во
телефонот и да поставите основен добавувач на услуги
● Акт. ст. во сите апл. — за да се активираат основните конфигурациски поставки
за поддржаните апликации
● Преф. прист. точка — за да ги видите снимените пристапни точки
● Повр. со поддршка — за да ги преземете конфигурациските поставки од
вашиот добавувач на услуги
Поставки
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
24
● При. за упр. со уред — за да дозволите или спречите телефонот да прима
софтверски ажурирања. Оваа опција може да не биде достапна, во зависност од
вашиот телефон.
● Лични при. на конф. — за рачно да додадете нови лични сметки за различни
услуги и за да ги активирате или избришете. За да додадете нова лична сметка,
изберете Додај или Опции > Додај нов. Изберете го типот на услуга и внесете
ги бараните параметри. За да активирате лична сметка, дојдете до неа и
изберете Опции > Активирај.