Гласовни команди и гласовно бирање
Користете го телефонот со изговарање гласовна команда и направете повик со
изговарање име зачувано во Именикот.
Гласовните команди и гласовното бирање зависат од јазикот. Препознавањето на
гласот не е поддржано за сите јазици. За да видите кои јазици се поддржани,
изберете Мени > Прилагодувања > Телефон > Прилаг. на јазик > Јазик за
Поставки
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
23
препознав.. За да го поставите јазикот за препознавање, изберете го саканиот
јазик.
Забелешка: Користењето на гласовни ознаки може да биде тешко во бучно
опкружување или за време на итен случај, затоа не можете да се потпрете
исклучиво на гласовно бирање во сите околности.
За да го прилагодите препознавањето на гласот на вашиот телефон на вашиот глас,
изберете Мени > Прилагодувања > Телефон > Препозна. на глас > Трен.
на преп. глас.
За да активирате гласовна команда за функција, изберете Мени >
Прилагодувања > Телефон > Препозна. на глас > Гласовни команди,
карактеристика, и функцијата. означува дека гласовната команда е активирана.
За да ја активирате гласовната команда, изберете Додај. За да ја репродуцирате
активираната гласовна команда, изберете Плеј.
За да управувате со гласовните команди, скролувајте до функција и изберете
Опции.
За да ги користите гласовните команди или гласовното бирање, во режим на
мирување, притиснете и држете го десното копче за избор. Се слуша краток тон и
се прикажува Зборувај сега. Изговорете ја командата или името на контактот што
сакате да го бирате. Ако препознавањето на гласот е успешно, се прикажува список
на предложени соодветни контакти. Телефонот ја репродуцира гласовната
команда на првиот соодветен контакт од списокот. Ако тоа не е точната команда,
скролувајте до друг запис.