Nokia 2700 classic - Предвидливо внесување текст

background image

Пишување текст

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

15

background image

изберете Спелувај. Внесете го зборот користејќи традиционално внесување

на текст и изберете Зачувај.

● За да напишете сложени зборови, внесете го првиот дел од зборот и движете

надесно за да го потврдите. Напишете го последниот дел од зборот и

потврдете го зборот.

3. Почнете да го пишувате следниот збор.

5. Движење низ менијата

Телефонските функции се групирани во менија. Тука не се опишани сите мени

функции или ставки од опциите.
Во режимот на чекање, изберете Мени и саканото мени и подмени. Изберете

Излез или Назад за да излезете од тековното ниво на мени. Притиснете го копчето

за крај за директно да се вратите во режимот на чекање. За да го смените изгледот

на менито, изберете Мени > Опции > Изг. на гла.мени.

6. Размена на пораки

Можете да читате, пишувате, праќате и снимате текстуални, мултимедијални,

аудио и флеш пораки и e-mail. Услугите за размена на пораки може да се користат

само ако вашата мрежа или добавувач на услуги ги поддржуваат.

Текстуални и мултимедијални пораки

Можете да креирате порака и да приложите по ваша желба, на пример, слика. Кога

е приложена датотека, вашиот телефон автоматски ја менува текстуалната во

мултимедијална порака.

Текстуални пораки

Вашиот уред поддржува текстуални пораки над ограничувањето за една порака.

Подолгите пораки се испраќаат како две или повеќе пораки. Вашиот обезбедувач

на услуги може да изврши наплата соодветно. Карактерите со акценти или други

знаци, и карактерите од некои јазични опции, заземаат повеќе простор, и го

ограничуваат бројот на карактери кои може да бидат испратени во една порака.
Индикатор на врвот од екранот го покажува вкупниот број на преостанати знаци

и бројот на пораки потребни за праќање.
Пред да можете да испратите пораки, мора да го снимите бројот на вашиот центар

за пораки. Изберете Мени > Пораки > Прилаг. за пор. > Текст пораки >

Центри за пораки > Додај центар, внесете име и бројот од добавувачот на

услуги.

Мултимедијални пораки

Мултимедијална порака може да содржи текст, слики и звучни или видео клипови.