Nokia 2700 classic - Контакти

background image

Контакти

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

19

background image

За да додадете контакт, изберете Имиња > Опции > Додај нов контакт. За да

додадете детали на контакт, уверете се дека меморијата во употреба е Телефон

или Телефон и SIM. Изберете Имиња, дојдете до името и изберете Детали >

Опции > Додај детал.
За да барате контакт, изберете Имиња и движете се низ листата со контакти или

внесете ги првите букви од името.
За да копирате контакт помеѓу телефонската меморија и меморијата на SIM

картичката, изберете Имиња, дојдете до контактот и изберете Опции > Копирај

контакт. Во меморијата на SIM картичката можете да зачувате само еден

телефонски број за секое име.
За да изберете SIM картичка или телефонска меморија за вашите контакти, за да

изберете како се прикажани имињата и броевите во контакти и за да го видите

мемориски капацитет за контакти, изберете Прилагодувања.
Може да праќате и примате контакт информации за личност како визит-карта од

компатибилен уред кој го поддржува стандардот vCard. За да пратите визит-карта,

изберете Имиња, побарајте го контактот чии информации сакате да ги пратите и

изберете Детали > Опции > Исп. биз. картичка.