Итни повици
Важно: Овој уред функционира користејќи радио сигнали, безжични мрежи,
земјени мрежи и функции програмирани од корисникот. Ако Вашиот уред
поддржува гласовни повици преку интернет (интернет повици), активирајте ги и
интернет повиците и мобилниот телефон. Уредот ќе се обиде да оствари итни
повици и преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач на интернет повик
доколку двете се активирани. Не може да се гарантираат конекции во сите услови.
Никогаш не треба да се потпрете само на било кој безжичен уред за важни
разговори како што се итни медицински случаи.
За да направите итен повик:
1. Ако уредот не е вклучен, вклучете го. Проверете дали постои соодветна јачина
на сигналот. Во зависност од Вашиот уред, можеби ќе треба да го завршите
следново:
● Вметнете SIM картичка доколку Вашиот уред користи некоја.
● Отстранете одредени ограничувања на повик ако имате активирано во
Вашиот уред.
● Променете го Вашиот профил од офлајн или профил во лет во некој активен
профил.
2. Притиснете го копчето за завршување онолку пати колку што е потребно да го
испразните екранот и да го подготвите уредот за повици.
Дополнителни безбедносни информации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
38
3. Внесето го официјалниот итен број за Вашата моментална локација. Итните
броеви се разликуваат според локацијата.
4. Притиснете го копчето за јавување.
Кога правите итен повик, дадете ги сите неопходни информации што е можно
попрецизно. Вашиот безжичен уред може да е единственото средство за
комуникација на местото на несреќата. Не прекинувајте го повикот додека не
добиете дозвола за тоа.