Nokia 2700 classic - Грижа и одржување

background image

Грижа и одржување

Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба

грижливо да се однесувате. Следниве сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите

важечката гаранција.
● Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага

може да содржат минерали што ќе ги кородираат електронските кола. Ако

Вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете уредот

целосно да се исуши пред да ја смените.

● Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на било кои леќи, како што се

камерата, сензорот за близина и леќите на светлосниот сензор.

● Не го користете или чувајте уредот во прашливи, нечисти места. Неговите

подвижни делови и електронски компоненти може да се оштетат.

Грижа и одржување

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

34

background image

● Не го чувајте уредот на топли места. Високите температури може да го намалат

векот на електронските уреди, да ги оштетат батериите или да искриват или

растопат одредени пластични делови.

● Не го чувајте уредот на студени места. Кога уредот се враќа на нормална

температура, во внатрешноста на уредот може да се формира влага и да ги

оштети плочките на електронските кола.

● Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено

во ова упатство.

● Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да ги

скрши внатрешните плочки на колата и прецизната механика.

● Не користете груби хемикалии, раствори за чистење, или јаки детергенти за

чистење на уредот.

● Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да

спречи правилно функционирање.

● Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена замена.

Неодобрените антени, модификации или приклучоци може да го оштетат

уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

● Користете ги полначите во затворен простор.
● Секогаш направете резервна копија на податоците што сакате да ги зачувате,

како што се контакти и белешки од календарот.

● За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси,

исклучете го уредот и отстранете ја батеријата.

Овие предлози се однесуваат подеднакво на Вашиот уред, батерија, полнач, или

било кој додаток. Ако било кој уред не работи правилно, однесете го до

најблискиот овластен сервис.