Апликации.
Апликации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
28
14. Организатор
Часовник со аларм
Изберете Мени > Организатор > Будилник.
За да го вклучите или исклучите алармот, изберете Аларм:. За да го поставите
времето за алармот, изберете Време на аларм:. За да го поставите телефонот да
ве алармира во избраните денови од седмицата, изберете Повторување:. За да го
изберете или прилагодите тонот за аларм, изберете Звук на алармот:. За да
поставите тајмаут за дојавата за одлагање, изберете Наме. време на одло.:.
За да го запрете алармот, изберете Стоп. Ако дозволите телефонот да продолжи
да се огласува со алармот минута или изберете Snooze, алармот запира за
тајмаутот за одлагање, а потоа продолжува.
Календар и листа со обврски
Изберете Мени > Организатор > Календар. Тековниот ден е врамен. Ако има
било какви белешки поставени за денот, денот е прикажан задебелено.
За да направите календарска белешка, дојдете до датумот и изберете Опции >
Направи белешка.
За да ги видите дневните белешки, изберете Прикажи. За да ги избришете сите
белешки во календарот, изберете Опции > Избриши белешки > Сите
белешки.
За да ја видите листата со обврски, изберете Мени > Организатор > Листа на
задачи. Листата со обврски е прикажана и сортирана според приоритет. За да
додадете, избришете или пратите белешка, за да ја означите белешката како
завршена или да ја сортирате листата со обврски според рок, изберете Опции.
15. Веб или интернет
Можете да пристапите на различни интернет услуги со вашиот телефонски
прелистувач. Изгледот на интернет страниците може да се разликува поради
големината на екранот. Можеби нема да бидете во состојба да ги видите сите
детали на интернет страниците.
Во зависност од вашиот телефон, функцијата за прелистување во менито може да
биде прикажана како веб или интернет - во продолжение ќе биде означувана како
веб.
Важно: Користете само услуги на кои им верувате и кои нудат адекватна
сигурност и заштита од штетен софтвер.